| четврток, 6 декември 2018 |

„Заев го руши системот и ја загрозува приватноста на граѓаните“

СДСМ шпекулира со различни бројки дека имало 26.000 прислушувани, па 20.000 и слично. Сето тоа наменски за да создадат страв кај луѓето дека којзнае што има за некој, односно да имаат можност да го балансираат гневот на граѓаните од фактот дека едно лице како Зоран Заев го има нивниот приватен живот на компак дикс, дека го руши системот на оваа земја, дека директно ги нарушува државните интереси и ја руши приватноста на граѓаните.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција на која додаде дека по денешната изречена затворска казна, паднале, како што рече, сите обвинувања во вода.

-Двете лица го признаа делото. Судот веќе едното лице З.К.  го осуди и тој доби затворска казна, а пресудата е правосилна бидејќи тој  во целост го призна делото. Со ова паднаа во вода и сите обвинувања на опозицијата дека ние стоиме зад прислушувањето за што тие немаат ниту еден доказ. Тоа им беше параван за да почнат со објавувањето и јавноста да ги ослободи од некаква одговорност, нагласи премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top