„Пинк медиа груп“ испрати извинување до Советот за радиодифузија (СРД) поради превидот настанат во соопштението испратено на 11.05.2012 година, во кое наместо Македонија е ставен називот БЈР Македонија, соопшти СРД.
Во дописот „Пинк“ истакнува дека Македонија ја доживува како пријателска земја и намерата не ѝ била да ги навреди граѓаните на Македонија поради што им се извинува на сите граѓани.
Советот за радиодифузија го поздрави ваквиот гест на телевизијата, но нагласи дека за да се дозволи враќање во програмските пакети на телевизиските оператори, треба да си го наплати долгот за вршење радиодифузна дејност како основач на „Пинк 15“ и да им ги исплати платите на вработените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



