| четврток, 6 декември 2018 |

Љубичиќ го замени Диксон, Пипан ќе го смени Јончевски во МЗТ Скопје

Поразот во полуфиналето од националниот Куп на Македонија во кошарка донесе нови потреси и промени во редовите на шампионот МЗТ Скопје. Кожув го стресе првакот, а кризата ќе се лекува со ангажман на Алеш Пипан, кој треба повторно да го превземе кормилото на аеродромци, а замена има и во бековската линија, каде е ангажиран Марко Љубичиќ. Српскиот интернационалец ќе ја организира играта на МЗТ Скопје наместо Американецот Диксон, кој е ослободен од обврските.

Pipan

Промена ќе има и на клупата, а најавен е кам-бек на Словенецот Алеш Пипан. Тој веќе беше тренер на МЗТ Скопје, а според најавите е сигурна опција како замена за младиот Александар Јончевски. Пипан доби отказ во Олимпија и е нема пречки за негово враќање во МЗТ Скопје. Ако се случи најавената смена, тоа ќе биде петта промена на кормилото на МЗТ Скопје сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top