| четврток, 6 декември 2018 |

„Лице в лице“ го одбележува Светскиот ден на ретки болести со фотоизложба

lice v lice

Единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“, заедно со Здружението на граѓани „Живот со предизвици“ и со Националната алијанса за ретки болести на Република Македонија, својот 14. број ќе го промовира како дел од одбележувањето на Денот на ретките болести со настан на кој ќе се обидат да ја подигнат јавната свест и ќе разговараат со лицата со ретки болести, кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на животот.

Промоцијата на 14. број на „Лице в лице“ ќе се одржи на 27 февруари (петок), со почеток во 11 часот, во Клуб-ресторан МКЦ.

Новиот број на списанието се фокусира на ретките болести, а на истата тема е и изложба на фотографии „Гушни ја реткоста!“, за која свој придонес дадоа популарни личности од јавниот живот кај нас и лица со ретки болести.

Кои се чекорите на нашата земја за подобрување на квалитетот на животот на луѓето со ретки болести? До каде е подготовката на регистарот на ретки болести и на пациенти што се соочуваат со нив? Дали буџетот што го одвојува Фондот за здравство ги покрива потребите за терапија на сите пациенти? Каков е нивниот живот, колку лесно или тешко доаѓаат до работно место, но и колку се обележани од околината? Дали нашата земја има доволно обучен медицински кадар да постави навремена дијагноза за ретка болест? Кој ги плаќа анализите во странство? Колку македонските студенти на медицина во текот на студирањето се сретнуваат со литература за ретките болести?
Ова се само дел од прашањата кои ги загатнуваат со новиот број на списанието и на кои бараат одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top