Европската комисија потврди дека добиле од Грција список со реформи неопходни за продолжување на програмата за макрофинансиска помош за Атин, соопшти прес службата на ЕК.
– Списокот е добиен ноќеска – нагласува прес службата. Сега експерти од ЕК и еврогрупата ќе направат првична оценка за тој список неопходен за ефектно продолжување на програмата.
– Конечната реакција, согласност и одобрување на грчките реформи треба да завршат во крајот на април – наведе дипломатски извор за Тасс.
Министрите за финансии од еврозоната во петокот одлучија да биде продолжена за четири месеци втората програма за кредитна поддршка од ЕУ, која завршува на 28 февруари. Планирано е Грција да склучи со европските партнери нов договор за финансирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Објавен редоследот на партиите на гласачките ливчиња
-
Подготвувате свадба? Од овие луѓе исчистете го свадбениот список…
-
Околу 5.000 граѓани извршиле увид во Избирачкиот список во подрачните на ДИК