| четврток, 6 декември 2018 |

ИОК во инспекција на Рио де Жанеиро загрижени пред олимпијадата

APTOPIX Brazil Olympics Rio 2016 Many Loose Ends-1Инспектори на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја започнаа тридневната посета на Рио де Жанеиро, со цел да го проверат текот на подготовките за Олимписките игри 2016 година.

Инспекторите на ИОК ќе ги посетат објектите и терените на кои во 2016 година ќе се одржи летната олимпијада. Воедно ќе имаат и средби и разговори со локалниот организатор за подготовките на 31-вата олимпијада.

Откако ИОК пред три години излезе со критика за динамиката на работите на олимписката инфраструктура, оценувајќи ја како најлоша во историјата, градежните работи во бразилскиот град во последните три години се значително забрзани.

Покрај инспекторите и претседателот на ИОК, Томас Бах е во Рио, каде во текот на оваа седмица ќе се одржи и состанок на Извршниот одбор.

Бразил, за организација на ЛОИ 2016-та ќе потроши околу 14 милијарди долари, сума поради која честопати во изминатите неколку години, низ поголемите бразилски градови се одржуваа демонстрации, како и оние пред почетокот на фудбалскиот Мундијал минатата година.

Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржат од 5 до 21 август 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top