Јапонскиот премиер Шинзо Абе се појави на церемонијата на затворањето на Олимписки игри во Рио облечен како херој од видео-играта „Супер Марио” од компанијата „Нинтендо”.
Тој на сцената се појави излегувајќи од цевка, исто како што правел и италијанскиот водоинсталатер Марио во играта.
Негово излегување од сцената следуваше веднаш по завршувањето на видео презентацијата за наредните Олимписки игри, кои ќе бидат одржани во 2020 година во Токио.
Претходно, Олимписките игри во Јапонија биле одржани во далечната 1964 година, а тоа биле и првите Игри на азискиот континент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)