| четврток, 6 декември 2018 |

Пингвин секоја година препливува илјадници километри за да го посети човекот кој го спасил

Жао Переира, 71-годишен бразилец кој живее на еден мал остров во близина на Рио Де Жанеиро, во 2011 година спасил еден пингвин од сигурна смрт. Тој бил заглавен во карпите, изгладнет и премрзнат кога Жао го нашол како младенче.

Откако го земал животното во својата куќа и му помогнал да заздрави, тој потоа го пуштил во океанот, но неговиот мал пријател за неколку месеци се вратил. Сега, пингвинот Диндим поминува осум месеци од годината со Жао, а остатокот од времето го поминува на бреговите на Аргентина и Чиле. Се верува дека оваа птица плива околу 5.000 милји само за да се врати кај својот пријател.

– Го сакам како да е мое сопствено дете. На никој друг не му дозволува да го погали и почнува да писка кога некој ќе му се доближи премногу. Го ранам со сардини и го бањам кога е со мене, изјавил Переира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top