| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилската студентка за ноќта мината со Усеин Болт: Тоа не беше спринт, тоа беше маратон

Jusein-Bolt

Усеин Болт на Олимписките игри во Рио влезе во спортската историја со освоените нови три злата, но јавноста нема да го памети само по тоа. На крајот на игрите тој беше уловен во прељуба, откако една брзилска студентка објави фотографии од неговиот кревет, а протекоа и видеа од неговата луда роденденска забава. Се работи за Џејди Дуарте која за Дејли Мејл ги открила деталите од вечерта која ја минала со Болт.

– Тој е висок, црн и мускулест, баш мој тип на маж. Во дискотеката имаше толку многу убави девојки, не ни помислив дека ќе ме забележи мене, започнала таа да раскажува за тоа како стигнала во креветот на Болт.

Dzejdi-Duarte-670x1106

– Неговиот телохранител ми пријде и ми рече дека Болт ме повикува да дојдам. Не отидов веднаш затоа што таму имаше премногу девојки кои сакаа да се сликаат со него. Потоа кога чекав во ред за да платам, на крајот на забавата, неговиот телохранител повторно ми пријде им ме праша зошто не сум дошла. На крајот Болт ме погледна, ми се насмевна, а тогаш одлучив да се предадам. Се качивме заедно во такси, а таму и се бакнавме, раскажува Дуарте.

Таа открила дека потоа отишле во Олимпиското село каде никој не и побарал никаков документ за идентификација. Таа очекувала дека ќе ја однесе во некој луксузен хотел, но не забележеала каде се движи такссито.

Dzejdi-Duarte-2-670x670

– Собата му беше убава, со два кревети, но двата беа толку кратки што неговите нозе му висеа. За тоа што се случи потоа и не мора многу да раскажувам. Си поминавме прекрасно. Иако тој е спринтер, ова повеќе беше маратон, додала Дуарте.

На крајот изјавила дека слушале музика до крајот на вечерта, а Болт и дал 100 долари за такси за да си оди дома. Тој не и дал негов телефонски број, но и ветил состанок кога ќе се врати во Рио.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top