Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и повремено засилен југозападен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува, како и брзината на ветерот. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време, слаб дожд е можен во раните претпладневни часови, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Преодно разведрување со повисока дневна температура ќе има в среда, а в четврток се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи, локално над 10 литри на квадратен метар. Постудено време со засилен северен ветер ќе има в петок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


