| четврток, 6 декември 2018 |

Минус три за Македонија во првиот дел против Русија

Македонија има негатива од 3 гола на полувремето против Русија во клучниот меч од Б групата за да ја избегнеме Франција во осминафиналeтo.

Серијата од 6-1 на противникот во последните 10 минути од првото полувреме ни донесе негатива, иако солидно одигравме во стартните две третини од натпреварот. Од предност за нас од 12-10, Русите ни направија пресврт и заминаа на одмор со позитива од 16-13.

Техничките грешки, вкупно 8 во нашиот табор, наспроти само 3 на противникот, беа пресудни за негативата во првиот дел. Натпреварот е од исклучително значење за да се избегне 4. место кое носи веројатен дуел во нокаут фазата со фаворитот Франција, која ги има трите најважни ракометни круни, светската, европската и олимписката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top