| четврток, 6 декември 2018 |

Припадници на ИД егзекутираа 150 цивили во Западен Ирак

Still image from video shows men purported to be Egyptian Christians held captive by the Islamic State being marched by armed men along a beach said to be near Tripoli

Џихадистите од Исламска држава егзекутираа 150 цивили во Западен Ирак, каде што исламистичката група води битка за градот Ал Багдади, кој се наоѓа во близина на американската военовоздухопловна база.

Шефот на локалниот општински совет Малала ал Убејди истакна дека поголемиот број на жртвите се членови на племето Албу убејд, кое се бори на страната на владините сили против ИД. Тој посочи дека масакрот е извршен вчера, еден ден откако џихадистите ги киднапирале цивилите.

Сè уште нема комнтар за инцидентот од Владата во Багдад. Главниот ирачки шиитски духовен лидер Али ал Систани денеска побара од Владата да ја пробие блокадата на џихадистите околу Ал Багдади и да ја сперечат трагедијата на локалното население.

ИД контролира поголеми територии во Западен и Северен Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top