| четврток, 6 декември 2018 |

Борба до последен европски војник

Заглавени во „бомби“, бомбички и пандишпани, во лаги и во сплетки, Македонците не гледаат што се случува во светот. Ние не го игнорираме само далечниот свет каде што главни фактори се носачите на уредите за внесување шифри за атомски напад. Се игнорира и тоа што се случува околу нас, на стотина километри од нацијата што и по 24 години независност не научи дека тоа што се прави малку потаму од Бујановац може да ни ја реши иднината

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Бомби и топови за Украина

Минатата недела беше историска, но не поради бомбата на Заев. Таа, иако сериозна според најавите и обвинувањата, не може да се нарече историска, пред сѐ, затоа што слична таква имавме и пред десетина години од менторот на тој што aсега се обидува да ја пишува историјата. Минатата недела беше историска затоа што за неколку дена се случија неколку настани што во иднина можат од корен да ја променат мапата на светските „сфери на интереси“ договорени на Јалта. Од каде и да се почне, нема да се згреши.

Нервозата што можеше да се види за време на минхенската безбедносна конференција не беше причинета само од судирот меѓу Русија и САД за Украина. На површина во главниот град на Баварија излегоа сите поделби и разлики што постојат и меѓу таканаречената западна алијанса.

За првпат се случи Велика Британија, најблискиот и отсекогаш најлојален европски сојузник на САД, да даде целосно спротивна изјава за важно стратегиско прашање какво што е вооружувањето на Украина. За разлика од Белата куќа и од потпретседателот Џо Бајден, кои јасно кажаа дека Вашингтон ќе продолжи со помошa за владата на Петро Порошенко, Велика Британија преку своjот министер за одбрана Мајкл Фалон порача дека извоз на оружје за Украина значи извоз на смрт во оваа земја. Оваа изјава на владата на Дејвид Камерон дојде и покрај тоа што британската влада се почувствува отфрлено што не беше соодветно информирана ниту вклучена во групата „Нормандија 4’ во која членуваат Германија, Франција, Русија и Украина, а чијашто цел е да најдат начин како да се запре конфликтот во „Новорусија“.

За разликите меѓу Ангела Меркел и Барак Обама за тоа прашање веќе се знае многу. Германија, која секогаш потклекнува пред интересите и инсистирањата на САД, дури и кога тоа не е за нејзино добро, како на пример санкциите за Русија, сега е решена да истрае во намерата, наспроти ставот на Вашингтон , да се запре доставата на оружје за Киев. Германија е свесна за изреката, според анегдотата што кружеше меѓу гостите на минхенската конференција, дека Америка е подготвена да војува со Русија до последниот европски војник. Канцеларката Меркел знае дека преземајќи ја улогата на лидер на континентот мора да донесува визионерски одлуки, кои не смеат да зависат од военото лоби, туку, пред сѐ, од интересите на своите граѓани, кои не сакаат да живеат во заложништво на битката меѓу суперсилите. И таа е политичар, и таа сака, ако веќе нема да владее 20 години, тогаш барем да биде запаметена како жената што спречи голема војна во Европа.

 

Српска бомба во лево

kolumna128-2За раз­ли­ка од Гр­ци­ја, во Ср­би­ја се слу­чу­ва про­ме­на во друг пра­вец. Зем­ја­та што доз­во­ли ста­ци­о­ни­ра­ње ру­ски си­ли за спе­ци­јал­ни опе­ра­ции во ба­за­та во Ниш, зем­ја­та што ги про­да­де сво­и­те глав­ни енер­гет­ски ди­стри­бу­тив­ни ре­сур­си на Ру­си­ја, се­га нај­а­ви на­ба­вка на скап аме­ри­кан­ски гас. Што стои во зад­ни­на­та на оваа од­лу­ка на Ву­чиќ мо­же­ме са­мо да на­га­ѓа­ме, но факт е де­ка со тоа Бел­град вр­ши се­ри­оз­но пре­стру­кту­ри­ра­ње и тоа са­мо не­кол­ку ме­се­ци отка­ко Пу­тин дој­де во Бел­град ка­де што срп­ски­те ге­не­ра­ли му са­лу­ти­раа на нај­го­ле­ма­та во­е­на веж­ба во ре­ги­о­нот во пос­лед­ни­ве 20 го­ди­ни, а вед­наш по­тоа ру­ски­от пре­тсе­да­тел по­ра­ди дол­го­ви ја за­пре ед­на од две­те сла­ви­ни низ кои те­че­ше гас. Офи­ци­јал­но, при­чи­на­та бе­ше дол­гот од сто­ти­на ми­ли­о­ни евра. Не­о­фи­ци­јал­но Пу­тин во Бел­град бил ин­фор­ми­ран де­ка Ср­би­ја ќе се оби­де да ба­лан­си­ра и на­ме­сто са­мо на Ру­си­ја ќе се фо­ку­си­ра и на Ва­шин­г­тон и Бер­лин.

 

Гас-бомба

kolumna128-3Најавата на рускиот државен гигант „Гаспром“, кој неделава ја објави маршрутата на гасоводот „Турски тек“, уште еднаш наведува на помислата дека Грција е најдобриот претставник на „јужното крило на поранешниот варшавски договор“. И покрај караницата меѓу Ердоган и Путин поради различниот пристап кон сирискиот проблем во кој Турција сака по секоја цена да го тргне рускиот играч Асад, Москва не запира со проектот, кој преку Турција оди во Грција. Практично, во секоја варијанта Грција мора да биде дел од руските проекти, така беше и со „Јужниот тек“. Дали се работи само за финансиски интерес поради тоа што гасот може да продолжи до Италија и понатаму до големиот европски пазар или, сепак, покрај парите, главната улога ја играат геостратегиските цели на Москва, е помалку важно. Ципрас прво најави дека нема да бара кредити од Русија, за потоа неговите соработници да најават дека доколку еврозоната и Германија не дадат свежи пари и во игра е и финансиска инјекција од Путин. Што значи тоа за ЕУ, ЕЦБ, ММФ, најдобро може да се види од реакцијата на неколку угледни западни коментатори, кои ваквиот потег го оценија како губење контрола врз грчката политика и удар за европската безбедност.

 

И Кина е загрозена

Официјален Пекинг сѐ уште молчи и во свој стил ги одмерува идните чекори, но јасно е дека КПК ќе одговори на одлуката на новиот грчки премиер да ја запре приватизацијата на пристаништата во Атина и во Солун. Оваа одлука на Ципрас не е од рангот на покачување на минималната плата за секој Грк, туку сериозен удар за новите глобални трендови, кои чинат милијарди евра месечно. Практично, со оваа одлука Ципрас ги поништи сите напори направени последниве десетина години од страна на Кина да влезе на европскиот пазар преку пократки и поевтини маршрути. Кина, која само минатата година им додели 10 милијарди евра на европски земји без разлика дали се членки на ЕУ или не (меѓу нив и Македонија, која со кинески пари гради два автопатишта), сега ќе мора да бара алтернатива за грчките пристаништа преку кои транспортот на огромните кинески контингенти е многу поевтин од Ротердам или од Марсеј. Ако одлуката не се промени, целата инфраструктура од Атина до Будимпешта на која работеше Пекинг (меѓу нив и проектот „Пловна Моравско-Вардарска Долина) ќе паднат во вода. Ако се суди според примерот со признавањето на Тајван, по кој Кина ни врати со вето за мисијата УНПРЕДЕП, извесно е дека Кина соодветно ќе му се одмазди на својот противник Ципрас, со кого барем номинално дели иста идеологија.

 

Кипарска бомба

Вториот настан што предизвика вознемиреност кај „западната коалиција“ е одлуката на официјална Никозија да почне сериозна воена соработка со Москва. Кипар, како членка на ЕУ, ги шокираше сите членки на ЕУ, освен, се разбира, Грција, со понудата Русија на нејзина територија да гради воени бази, со што Путин може да ја оствари желбата што постои уште од Петар Велики за излез на руската морнарица на топли мориња. Понудата на Кипар за изградба на морнаричка база и на авиобаза до Русија дојде по посетата на новиот грчки премиер Ципрас на Никозија, и тоа откако тој половина час разговарал со рускиот претседател Путин. Дури и потегот на претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес, да е блеф, најмногу ѝ одговара на Грција, која во пакетот уцени до Брисел и до Берлин, пред сѐ, може да ја вметне и непристојната понуда од Никозија. Никој сериозен во Европската унија не се сомнева дека Кипар, како „второто око во грчката глава“, игра по нотите на Ципрас и токму затоа во моменти во кои Брисел решава за грчката судбина како модерна држава излезе со понуда што може целосно да го ревидира историскиот договор од Јалта. Колку оваа одлука на Кипар може да биде погубна за западот може да се види и само преку проблемот со комуникациите. Доколку руската војска, навистина, добие „паркинг-простор“ во пристаништето во Лимасол, НАТО ќе ја загуби стратегиската предност затоа што сега е единствениот што има целосна контрола на тој дел од Медитеранот преку воената база што може да добие нови соседи.

Со однесувањето на Грција и на Кипар, конечно, дури и на нивните западни сојузници им стана јасно дека Путин има свои тројански коњи што може да ги употреби во пресметката со САД и со ЕУ. За некои од нив сѐ уште не е целосно јасно дека и причините зошто Македонија и Србија сѐ уште не се дел од НАТО и од ЕУ можат да се бараат на линија Москва – Атина. Нестабилна Македонија со постојана закана од внатрешни етнички конфликти е закана и за Грција, затоа време е да се размисли дали, всушност, Русија е таа што може најмногу да профитира од македонската блокада. Се разбира, овие тези не можат да бидат докажани, но факт е дека со распоредување на американскиот ракетен штит во Романија и во Бугарија, зад првата борбена линија на НАТО ќе има нестабилни држави, кои се „ни ваму ни таму“ , што во прв ред е од интерес за Русија.

 

(Текст објавен во 128. број на неделникот Република, 13.02.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top