Бранко Героски, уредник на порталот „Плусинфо“ и дневниот весник „Слободен печат“ на својот ФБ пофил го искажа ставот дека ќе продолжел да објавува само за бомбите на Заев, но доколку се појават други тонски записи кои не би биле објавени на начин каков што СДСМ ги објавува, независно што и материјалите на СДСМ се незаконски стекнати, неговите медиуми нема да го објавуваат тоа.
Героски видно исплашен од тоа што би можело да биде објавено, самиот признава дека објавувањето на материјали кој веќе СДСМ ги објавува е незаконско и казниво. Имено, Героски не објаснува како објавувањето за материјалите на СДСМ е законско, а се друго е незаконско кога и тој самиот во продолжение пишува дека објавувањето е “казниво според член 151 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија“.
-Исто така, Плусинфо и „Слободен печат“ не можат да преземат одговорноста за изнесување и пронесување навредливи и клеветнички содржини, доколку не се исполнети условите за неказнување експлицитно пропишани во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, напиша Героски.
Останува нејасно што Героски сака да сокрие, зошто е нервозен и зошто објавувањето на бомбите на СДСМ е законски, а се’ друго би било незаконски, дополнително што навистина никој не ја знае содржината на тоа што ќе објавуват тие.
Медиумите веќе анализираа дека се можни три сценарија. Првото е дека е патка на СДСМ зад кое стои лично Заев за да ги уценува луѓето од раководството на СДСМ и дисциплинира, второто можно сценарио е дека тие материјали се од странски центри кои сакаат дополнително разжестување на атмосферата и третото можно сценарио е дека тие материјали се од извор, човек близок до Заев, кој е свесен за штетата која ја прави Заев со соработката со странските центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


