Најплатениот диџеј за 2014 година, шкотскиот музичар Адам Ричард Вилс, најпознат по неговото уметничко име Келвин Харис, е новото заштитно лице на „Емпорио Армани“.
Диџејот го направи своето модно деби со фотосесијата за новата колекција пролет/лето 2015 на италијанската модна куќа. Со широко торзо и развиени стомачни мускули, фотографиите од разголениот 31-годишен диџеј заработија повеќе од 15.000 коментари на „Инстаграм“ за само два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.