
Општина Кочани годинава ќе стартува со реализација на два значајни проекта од витално значење за граѓаните на градот и неколку населени места од полскиот дел. Ќе се гради пречистителна станица со колекторски систрем, а ќе се асфалтираат и 10 улици во градот и населбата Оризари. Ова го соопшти градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски на денешната прес-конференција.
– Проекетот за изградба на пречистителна станица со колекторски систем за Кочани ќе го градиме со донација од Швајцарската влада, која изнесува 21 милион швајцарски франци. Десет отсто од вредноста на средствата обезбедуваат Владата преку министерството за животна средина, Општина Кочани и КЈП „Водовод“. Колекторскиот систем ќе биде во должина од 13 километри и ќе ги опфаќа водите од девет пункта на Кочани и уште неколку населени места во Кочанска Река. Пречистителната станица ќе се гради кај село Горни Подлог и ќе опслужува 58 илјади еквивалент жители- изјави Димитровски.
Втората капитална инвестиција според Димитровски се однесува на асфалтирањето на 10 улици во градот и населбата Оризари во должина од четири километри за која се обезбедени средства во висина од 61 милион денари од подзаемот на Светска банка. Улиците ќе бидат асфалтирани за девет месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар


