Георгиевски, кој е дел од Граѓанското движење за одбрана на Македонија, вели дека граѓаните на Македонија се соочени со една хистерија на еден кодошки менталитет кој неможејќи да издржи девет рала избори да ги загуби, осети длабока потреба да кодоши, но бидејќи нема во државата кому да ги кодоши граѓаните, се обрати надвор од државата, ако е можно да ги кодоши надвор.
-Тој кодошки менталитет за жал преовладал од партијата СДСМ, но мислам дека тоа е моментално. Познавам таму доста луѓе кои што се вистински патриоти, кои се вистински левичари и кои ќе успеат да ја доведат таа партија по извесно време во ред. Тој кодошки менталитет сам себеси се нарекува борци за слобода и демократија, значи тие борци за слобода и демократија го девалвираа парламентот кој е главниот столб на демократијата, ги испоганија изборите, кои беа тајни, слободни избори за да ги уништат како институција демократска и сега се обидуваат од петни жили да го уништат и третиот столб мна демократија, тоа е судството – рече Георгиевски.
Професорот и режисер нагласи дека тоа го прават затоа што се свесни веќе дека загазија во кривични дела и сега сакаат, им остана уште тоа, да го уплашат судот, прогласувајќи го за нелегитимен. Тој им порача да се вратат што побргу во Парламент, да си направат политичка програма и да излезат на избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Груевски: Гласот за помалите коалиции е глас за Заев и за редефинирање на државата (ВИДЕО)
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината