| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Гласот за помалите коалиции е глас за Заев и за редефинирање на државата (ВИДЕО)

Гласот за помалите коалиции кои во јавноста се претставуваат како десничарски е глас за СДСМ и за редефинирање на државата. Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, партија која е дел од т.н. коалиција „ВМРО За Македонија“, од Куманово најави коалиција со Зоран Заев и СДСМ.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Груевски, од вчерашниот митинг во Берово повторно нагласи дека помалите коалиции се смислени од сценаристот кој стои зад Заев со цел да се ослаби ВМРО-ДПМНЕ и да му се помогне на СДСМ.

-За да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ, смислија и други работи, смислија уште две помали коалиции од мали партии, од кои што едната го носи предзнакот ВМРО за да го залажат народот и мал дел да се подели, барем малку да откинат од ткивото на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа да го зајакнат Заев и СДСМ. Едно е ВМРО, едно е ВМРО- ДПМНЕ и не смее да подлегнеме на вакви манипулации, итроштини и игри на сценаристот кој стои зад Заев, рече Груевски.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-НП, Георгиевски од Куманово најави можна коалиција со СДСМ по изборите во недела.

-Ние сме опозициска партија, сакаме опозицијата да направи некој резултат, во таа смисла, многу јасно кажавме дека првата шанса што ќе ја дадеме е можеби на СДСМ, рече Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top