| четврток, 6 декември 2018 |

Измислени сообраќајки, оставки и бегства – бомбата „исчури“, опозициските медиуми креваат лажна паника

portali500 (1)Сообраќајки, оставки, иселување од држава, тажни ликови на седници, бесни ликови на седници… Ова се насловите кои ги читаме деновиве во опозиционите портали финансирани од СОРОС. Дали „бомбите“ на Заев не го даваат посакуваниот ефект, па медиумскиот опозициски блок започнаа да шират лаги, манипулации и клевети?!

Се објавуваат неверојатни и непроверени информации кои немаат ниту еден збор вистина.

Првично опозициските портали напишаа дека Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска избегала од Македонија во Америка исплашена од „бомбата“ на Заев. Целта на оваа информација беше да се создаде впечаток дека бомбата на СДСМ е толку силна, што министрите почнаа да бегаат од неа. Демантот стигна. Јанкулоска заминала во Америка но дека таму нема да биде 3 месеци, туку 3 дена бидејќи ќе учествува на Самит кој се одржува во Белата Куќа во Вашингтон а кој е посветен на насилниот екстремизам. Домаќин на Самитот е државниот секретар на САД Џон Кери.
Untitled

Потоа се пртошири нова вест – вицепремиерот Зоран Ставрески поради „силната бомба“… Следуваше експресен демант од портпаролот на Владата. Целта иста. Да се даде привид пред граѓаните дека „бомбата“ која доби ниво на кафеански муабет има силно влијание врз функционерите и тие „во паника“ бегаат. Претходно медиум на СОРОС напиша дека кога пукна првата „бомба“ Ставрески го искршил својот кабинет… Бил бесен на седница. И пак лага – министерот за финансии беше на службено патување во Лондон…

Таквата нивна лага веднаш беше разобличена и наиде на потсмев во јавноста. Владата ја демантираше оваа шпекулација.

-Тоа е тотална невистина. Вицепремиерот Ставрески во моментов ја води владината седница бидејќи премиерот Груевски е на состанок со еврокомесарот Хан, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Шпекулацијата ја демантираат и од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека не се изненадени од ваквите лаги и конструкции и дека нема да бидат изненадени доколку вакви лаги се пласираат и во иднина, бидејки тоа е стилот на опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие опозициски медиуми се срцето и духот на опозициските активности.

-Ние сме задоволни од нивниот однос кој е израз на немоќта на цела опозиција. Опозицијата е во една агонија полна со навреди, клевети, лаги, манипулации и омраза, но ќе им помине за некое време, велат од владеачката партија на премиерот Груевски.

Врвот дојде денеска кога порталите кои важат за блиски до опозицијата, повторно исплашен од фактот дека „бомбата“ не го дава ефектот, објавија информација дека Латас, главниот и одговорен уредник на ТВ Сител имал сообраќајка. Латас експресно демантираше. Порталот Либертас објави дека Латас кога ја слушнал бомбата во неделата од бил во Зелениково и „голема нервоза“ брзајќи кон Скопје излетал со својот џип од патот и се превртел.

Вистината е дека Латас воопшто не бил во Зелениково туку во Куманово и воопшто немал сообраќајна несреќа. За оваа лага, Латас најави и тужба.

Против ваквите дејствувања на опозицијата и опозициските протали почнаа да се креваат и некогашните најгласни поддржувачи на политиката од Бихаќка. Колумнистот Ивор Мицковски јавно на свјот Фејбук профил им порача на своите сопартијци да не шират хистерија и лажни информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top