| четврток, 6 декември 2018 |

Порталите надвор од надлежностите на ад-хок комисијата за медиуми

Членовите на ад-хок комисијата за следење на медиумското претставување на денешната седница решија дека не се надлежни да го набљудуваат известувањето на интернет порталите.

Вакво барање до комисијата упатила политичката партија СДСМ поради тоа што некои портали го прекршиле членот 69-а од Изборниот законик со кој се регулира водењето на изборната кампања во овој период.

Членовите на комисија, која и досега не постапувала по известувањето на интернет порталите, оценија дека таа пракса ќе продолжи и во иднина, и дека работата на порталите нема да се набљудува.

На седница телото одлучи и да се поведат прекршочни постапки против телевизија Нова по два члена од Изборниот законик, како и против телевизија Сител по еден член од законот.

Одлуки беа донесени и да не се поведат прекршочни постапки за телевизиите Телма и 24 Вести кои се однесуваа на балансот во известувањето на овие медиуми.

Сите одлуки биле донесени со мнозинство од тројца членови од Комисијата, додека двајца членови гласале против.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top