| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ ќе ги санкционира порталите што шират радикализам

Властите на Босна и Херцеговина во рамки на борбата против тероризмот планираат да преземаат санкции кон интернет-порталите што пропагираат радикализам и користат јазик на омраза.

teroristi-francuska-foto-shutterstock-1420749248-606008

Ваквата мерка е утврдена со антитерористичката стратегија усвоена од страна на Советот на министри на БиХ и со неа се предвидува мониторинг на интернет-страници што поттикнуваат тероризам и радикализам во следните две години.

Со стратегијата се превидени и санкции за провајдерите на интернет-страниците и на порталите за кои ќе биде оценето дека пропагираат радикализам, кои дури би можеле да вклучат и одземање на лиценците за работа.

Босанскиот заменик-министер за безбедност Вјекослав Виковиќ изјави дека во тек се разговори за начините за спроведување на овој сегмент од стратегијата, додавајќи дека во БиХ постојат портали што би се нашле на удар на оваа мерка.

– Ако го отворите „Патот на Хилафетот“, на пример, ќе видите агитација на вакви активности – изјави Вуковиќ, додавајќи дека овој сајт е само еден од неколкуте во БиХ за кои постои сомнеж дека се поврзани со џихадистичката група Исламска држава и кои отворено пропагираат дека муслиманите треба да заминат во џихад.

Вуковиќ како пример ја посочи и интернет-страницата „Вести на уметот“, која, како што рече, го оправдувала убиството на Хрватот Томислав Салопек од страна на џихадистите во Египет во август годинава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top