Во галеријата „Греј“ во Лондон вечерва сестрите Винчиќ ќе ги изложат своите дела заедно со уште 70 други уметници од целиот свет.. Тие за прв пат изложуваат во Лондон и велат дека тоа за нив е голем предизвик.
Учествуваат во групната изложба со четири дела: „Кралицата срце“, „Грдото пајче“, „Крал срце“ и „Љубов кон судбината“.
-Да изложуваме во Лондон за нас претставива интернационално признавање на нашите дела, но и годрост за издигнување на Македонската културна дејност во областа на модерната уметност, велат Гордана и Наталија Винчиќ.
Куратор на изложбата е Лиза Греј која е воодушевена од делата на сестрите Винчиќ.
– Ова е исклучително уникатна и симболичка експресија на љубов кон луѓето и уметноста. Со своите дела сестрите Винчиќ го привлекуваат набљудувачот да ги истражи своите внатрешни мисли и цели и да ги сфатат своите внатрешни прашања со помош на истражување во уметноста, вели Лиза Греј.
Делата кои може да бидат дел од оваа изложба се избрани од комисија која одлучува според одредени услови.
-Ни се допадна магичниот квалитет на нивната работа, богатството на боите и деталните истории за секоја слика. Нивната работа ни го даде чувството кое го добивате кога ја гледате Алиса во земјата на чудата. Повлечена во еден чудесен свет од кој само половина разбираш, а при секое гледање пронаоѓаш нешто ново. Со мистериите и убавините на животот оваа уметност има инспиративна мисија. Вистинско задоволство е да ги претставите сестрите Винчиќ на „Флукс“ во Лондон, вели жирито.
Летово Наталија и Гордана Винчиќ своите дела ќе ги претстават и во Сан Петерсбург, каде на покана на Министерството за култура од Русија ќе се претстават на тамошната публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.