
Комисијата за заштита на конкуренцијата се очекува да даде позитивно мислење за спојување на двата мобилни оператора „Вип“ и „Оне“. Вакво е очекувањето на менаџментот на „Вип“, кои, како што наведуваат, се во интензивни разговори со Комисијата за наоѓање прифатливо решение во насока на задржување на конкурентноста на пазарот.
– Нема застој во процесот на спојување. Процесот е во втора фаза, која почна на почетокот на февруари година. Во согласност со законот таа може да трае најмногу 90 дена, што значи некаде средина на јуни очекуваме позитивен одговор од Комисијата – изјави денеска извршниот директор на „Вип“, Никола Љушев.
Додаде дека очекувањата на позитивен одговор ги темели на тоа што аквизицијата во првата фаза е одобрена и дека тогаш Комисијата не нашла причина за негативен одговор.
Според Гернот Раш, главен маркетинг-директор на „Вип“, на македонскиот пазар нема простор за трет мобилен оператор бидејќи, како што вели, тоа е скапо и за операторите и за државата. Истакна дека постојат услови за влез на виртуелни оператори.
„Вип“ денеска го промовираше првиот заедничкик производ откако „Близу“ лани беше купен од страна на групацијата Телеком Австрија, чијшто дел е „Вип“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


