| четврток, 6 декември 2018 |

И плаќаат 15.000 долари да им најде партнер – сега открива што бараат богатите од жената!

luan

Луан Вард од австралиски Перт се збогатила со спојување парови.

Таа е сопстевничка на агенцијата за излегување, а нејзините клиенти и плаќаат и 15.000 долари како би им пронашла сродна душа. Откако испитала 200 мажи и истражила што всушност бараат од жената, сега открива што всушност бара посилниот пол кога се жените во прашање.

-Решив да дознаам што бараат мажите кај жените. Секој од нив ми одговори кои се четирите физички атрибути најважни за нив, но и четири особини на жените. Кога ги собрав одговорите од 200 мажи, сите ги анализирав и направив список – појасни Луан Вард.

Така таа дошла до заклучок дека мажите кај жените најмногу ги привлекува насмевката, но и интелигенцијата.

-Ниеден маж нема да се заљуби во вашето намуртено лице, туку насмевка. А не чуди ни тоа што втора работа која најмногу ги привлекува кај жените се нејзините очи – рекла експертката за спојување парови.

Што се однесува до физичките особини, мажите значи најмногу ги привлекува насмевката, очите, задникот и градите кои се нашле на четврто место.

Од друга страна најважни емоционални особини кои мажите ги привлекуваат кај жените се интелигенцијата, женственоста, разиграноста и смислата за хумор и довербата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top