Во Галеријата Чифте-амам е отворена втората изложба „Османлиските културни белези во Македонија“. Првата изложба за османлиските културни белези во Македонија беше одржана во февруари минатата година.
Беа претставени експонати со декоративни елементи, направени меѓу 16 и 19 век во Македонија, раскошни флорални мотиви и геометриски орнаменти, кои се поврзуваат со османлиската уметност во времето кога се создавани.
Изложбата е во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје и Завод и музеј – Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.