| четврток, 6 декември 2018 |

Проект за спроведување добра земјоделска практика

ффрм

Федерацијата на фармерите (ФФРМ), Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството и словенечката компанија „Даталаб“ денеска во Струмица ќе го промовираат проектот „100 фарми“ преку кој 100 земјоделци ќе добијат опрема за менаџирање фарма со користење на информатичко-комуникациски технологии.

– Со овој проект ќе се почне сè поинтензивно спроведување на активностите што ќе значи вклучување дополнителни 100 фарми во примерокот на фармери, кои ќе користат модерни информатичко – комуникациски технологии за потребите на водење на сметководство на фарма и евиденција на агротехнички мерки, што, пак, претставува компонента на добрата земјоделска практика – велат од ФФРМ.

Ова, додаваат, е во рамки на една поширока активност на која ФФРМ и „Даталаб“ работат во изминатите две години. Во моментот веќе се врши спроведување на примерок од 15 фарми во рамките на комплементарниот проект со наслов „Агро ИТ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top