| четврток, 6 декември 2018 |

ФФРМ: Да не се дозволи настанот во Куманово да направи штети на економијата

фармери

Федерацијата на фармерите на Рeпублика Мaкедонија (ФФРМ) изразува длабоко сочувство за загинатите и жалење за повредените полицајци во немилиот настан во Куманово. Воедно апелира партиите, државните институции и граѓаните да бидат соединети во овој период и заеднички да придонесат во решавање на ситуацијата.

Овој настан, оценува ФФРМ, ќе има негативни последици врз економијата, вклучително и производството и пласманот на земјоделските производи.

Од Федерацијата истакнуваат дека не треба да се дозволи настанот да ескалира до ситуација која ќе направи големи штети на социо-економскиот развој на државата.

ФФРМ потсетува дека е невладина мултиетничка организација која ги обединува сите земјоделци од различна националност, вероисповед и политичка припадност. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top