Шампионот на Шпанија, Атлетико Мадрид, продолжува со активностите за засилување на тимот. Тренерот на „црвено-белите“, Диего Симеоне, сака да направи тим кој ќе им биде уште поконкурентен на гигантите Реал Мадрид и Барселона.
Од Шпанија пристигнуваат вести дека популарниот Чоло веќе се договорил со играчот од средниот ред на Арсенал, Санти Казорла, љубимецот на навивачите на клубот од Лондон.
Шпанецот пристигна во Арсенал во 2011 година од редовите на Вилјареал, а шпанските медиуми пренесуваат дека тој веќе постигнал договор со Атлетико Мадрид, но сега останува да се договорат клубовите меѓусебе.
Сепак, последниот збор ќе го има менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој тешко ќе се откаже од најдобриот играч оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.