| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорите на „Дурекс“, Виктор и Рената, ги промовираа своите музички дела (ФОТО)

Durex Ambasadori (5)

Преку своите амбасадори од Македонија, Виктор Апостоловски и Рената Кралевска, „Дурекс“ повторно испрати порака за безбедна и одговорна љубов. На забавата „Durex Love Party“, младите пејачи се промовираа како носители на оваа значајна функција и воедно го претставија своите нови музички достигања. Рената ја претстави новата песна „West Side Story“, а Виктор го промовираше својот прв албум „Во моите сни“.

Тие потенцираа дека остануваат посветени на пренесување на вредностите на брендот и едукција на младите преку песна, забава и образовни активности.

 Durex Ambasadori (4)

Иако ова веќе ми е втора година од мандатот, возбудата е секогаш голема кога се работи за „Дурекс“. Самото тоа што е светски бренд кој опфаќа една сè уште табу тема во нашата држава, предизвикот е голем, но и чувството прекрасно кога пренесуваш знаење на помладите, особено кога таа едукација има позитивен резултат. Сепак, изминатата година успеавме да ја подигнеме свесноста преку низа активности, а оваа ќе биде уште поинтересна“, вели Виктор Апостоловски, амбасадор на Дурекс за Македонија.

 Влијанието на Виктор оваа година е засилено од неговата колешка, поп-пејачката Рената Кралевска.

– Мојата мисија е да ја покренеме свеста кај младите за безбедна љубов, нешто што е најважно. Потребно е запознавање на младите свесно да знаат како да се заштитат од сите непријатности кои што можат да донесат сериозни последици кога се работи за интимниот однос. Љубовта е посебно чувство и токму поради тоа треба да се доживее на вистинскиот начин, помеѓу две личности кои знаат како да се грижат еден за друг – додаде Рената Кралевска.

 Durex Love Party atmosfera 2

Во очи на празникот на љубовта „Дурекс“ Македонија ги повика сите заљубени на безбедно и одговорно препуштање на љубовта.

 – Мисијата на „Дурекс“ е заштита но и едукација за безбедно и одговорно однесување во сексуалниот чин. Нашиот бренд преку своите активности но и преку амбасадорите испраќа порака дека љубовта е забава, среќа но и одговорност, емотивна и сексуална зрелост. Тоа се нашите вредности кои сакаме да им ги пренесеме на младата популација а амбасадорите како Рената и Виктор, со нивниот имиџ, влијание и пред се примерен однос, ни помагаат во нашата мисија, за што сме им благодарни за грижата и посветеноста. Ќе продолжиме и понатаму преку забава и едукација да влијаеме на свеста и навиките на младите – изјави Елена Гагиќ од „Меркур Трејд“ генерален дистрибутер на „Дурекс“ за Македонија.

Durex Love Party 1

Големата „Durex Love Party“ беше зачинета со задолжителниот Durex декор и редовните реквизити што беа посебно изненадување за присутните. Шоуто го водеше Огнен Јанески, додека атмосферата ја загреваше Диџеј Иван Пси, потоа бендот „Вагаблонд“ настапи со вокалистката Јана Бурчевска. Журката одговорно траеше до раните утрински часови, а светскиот бренд Дурекс за сите присутни на забавата имаше подготвено специјално изненадување.

Durex Love Party devojki vo akcija

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top