СДСМ и Заев го прозваа и Латас за ургенции на суд. Сите три случаи за кои тие тврдат дека е ургирано, Латас ги загубил.
Зоран Заев јавно потврди дека Никола Груевски и Сашо Мијалков воопшто не се прислушувале. Заев посочува дека Мијалков извршил разговор, кој, сигурно, не е снимен по наредба на самиот Мијалков. Ова уште еднаш потврдува дека Заев ги добива материјалите од странски центри, чијашто намера е разнебитување на Република Македонија, се вели во реакцијата на владеачката ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ нема проблем само со себе, ниту само со ВМРО-ДПМНЕ како конкурент за власт. Очигледно дека има проблем со сите во Македонија, кога излезе со прозивка дека има 20.000 прислушувани граѓани во Македонија од полицијата, иако секој знае и без многу да се труди и да размислува дека тоа ниту во обем ниту по бројност не може да биде точно.
Целта на ова расфрлање со големи бројки е да се внесе вознемир во што повеќе домови. Но, освен кај тврдите приврзаници на СДСМ, оваа манипулација во јавноста повеќе се доживува како комична и блеферска отколку како сериозна изјава, пишува „Вечер“.
Зоран Заев отсекогаш во политиката имал три проблеми:
1. со криминал
2. со постојано сопствено демантирање и дообјаснување
3. со својот провинциски- озборувачки менталитет поради кој никогаш во СДСМ не бил сериозно сфатвен и прифатен.
Еднаш од затвор поради криминал го спаси Бранко Црвенковски со аболиција. Но, сега криминалот е многу подлабок и поширок, а ни Црвенковски не е веќе расположен да му помогне.
Зоран Заев го прозва уредникот дека ургирал за добие судски пресуди за клевета против Јовановски и Маниќ.
Колку Заев манипулира може да се види црно на бело, со проста споредба на фактичката состојба и неговите клевети. Наведените случаи за кои Заев спомнува дека е ургирано ги водеше судијката во Апелација Мирјана Дуковска, баба на Јован Деспотовски од Извршниот одбор на СДСМ, сопруг на нејзината ќерка Јана. Од сите три случаи кај неа, во Апелација сите три добија преиначување на првостепените пресуди во полза на новинарите на СДСМ. Тогаш Латас поднесе претставка до Судскиот совет за нејзиното работење, од каде стигна одговор дека одлуките се слободно судско уверување. Сите три пресуди никогаш не се добиени.
Серијата тужби против СДСМ и Заев почнува.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција објави пет телефонски снимки во кои, според Заев, наводно се разоткрива начинот на кој функционира македонското судство.
Претседателот на СДСМ обвини дека и коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, наводно, се пазареле при поставувањето на свои луѓе во судовите. Презентираше разговор, за, како што рече, наводно местење на претседател на Врховниот суд, меѓу директорот на УБК и Муса Џафери од ДУИ.
– Ќе слушнете како Груевски и Мијалков заедно со ДУИ местеле судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување судии, местеле унапредување судии послушни кон власта. Ќе слушнете каква контрола воспоставиле врз судството, како министер за правда од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за внатрешни работи се договораат, ќе слушнете договори и нарачки на судски одлуки – Ставрески, Јанкуловска, Велјановски, Груевски и Марко Зврлевски сегашниот републички јавен обвинител – рече Заев.
Зоран Заев јавно потврди дека Никола Груевски и Сашо Мијалков воопшто не прислушувале. Заев посочува дека Мијалков извршил разговор што, сигурно, не е снимен по наредба на самиот Мијалков. Ова уште еднаш потврдува дека Заев ги добива материјалите од странски центри чија намера е разнебитување на Република Македонија, а чијшто инструмент е Зоран Заев. Искреираните материјали се однесуваат на тоа дали претседател на Врховниот суд да биде Македонец или Албанец, при што Мијалков остро инстистирал да биде Македонец.
Заев продложува со објавување на искреираните материјали добиени од странски служби. Искреираните материјали кои ги објавил Заев се без експлицитна содржина, односно нема експцлицитни наредби за кажување кои судии да се изберат или каква пресуда да се донесе. Потсетуваме дека во време кога СДСДМ беше на власт, во еден ден избираа 617 судии во 1996 година, без присуство на опозицијата во тоа време, се вели во реакциата на владеачката ВМРО ДПМНЕ.
Опозицискиот лидер влеа страв кај македонските граѓани кога обелодени дека има материјали од прислушувани разговори на 26.000 луѓе. Упорно во јавноста вели дека сам ги преслушал сите материјали кои тврди дека и ги поседува и со кои се заканува.
Неговото тврдење наспроти проста математика. За јавноста и стручњаците стана лага на годината.
Кој ќе му поверува дека 30 години слушал материјали?
Да земеме најкраток можен телефонски разговор од 2 минути. Ако од Заев има 300 разговори кои траат по 2 минути, тогаш од неговите разговори има 10 часа материјал.
Ако е точно дека поседува материјал за 26.000 лица и со нивните разговори да го пресметаме минимумот.
За слушање на материјалите на едно лице, според минимум траење на разговорите, трошел по 10 часа.
26.000 лица по 10 часа е материјал од 260.000 часови. Тоа се неверојатни 29,6 години кои се потребни да се преслушаат сите материјали кои Заев тврди дека ги слушал сам.
Каква е оваа лага на Заев? Тој тврди дека сам преслушувал материјали, за кои е потребно нешто помалку од 30 години. И тоа – без да јаде, без да спие, без да излезе, без да пишува или куца, без да работи…само да слуша материјали!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.