Кошаркароте на Игокеа му се реваншираа на МЗТ Скопје за поразот во првиот дел од Јадранската лига и со бодови и победа од 80-76 си заминаа од нашиот главен град.
За македонскиот првак ова е 16. пораз сезонава во АБА лигата, со што МЗТ Скопје се закова на претпоследната позиција со 28 бода во конкуренција на 14 екипи. Само Левски, кој е дебитант во ова натпреварување има послаб ефект од нашиот шампион.
Првиот период и извонредната игра на домашните кошаркари ветуваше победа, особено предноста од 11 пшоени разлика по 10 минути игра, 31-20 за МЗТ Скопје. И на полувреме растојанието беше идентично, но клучна за новиот неуспех беше третиот период. Со фуриозна игра Игокеа направи голем пресврт, а овој период го доби со 24-7. Слаба утеха беше предноста од 21-19 во финалната четвртина за Скопјани, кои сега имаат биланс од 6-16.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.