Лидерот на опозицијата Зоран Заев во своите првични изјави рече дека за прибирање на материјалите му помогнале странски служби, а потоа рече дека тоа биле служби од Македонија, за на крајот да изјави дека станува збор за македонски граѓани.
За експертите, политичките аналитичари и јавноста е сосема јасно дека во ваква акција лидерот на СДСМ може да биде поведен и придружуван само од странски служби чија цел е дестабилизација на Македонија. Но, ако Зоран Заев сега како опозиционер соработува со странски разузнавачки служби, што останува за времето кога тој би дошол на власт?
-Криење на информации за кривични дела, во овој случај сознанија за постоење на странски служби го прави лидерот на опозицијата соучесник и се става кредибилитетот под знак прашалник. Повторно ќе прашаме за чии интереси ќе работи и како се пазарил за да добие информации од странска разузнавачка служба, вели Ненад Таневски, Универзитетски професор.
Зоран Заев ќе остане заложник на своите “пријатели од надвор“. На оние кои го снабдувале со материјали, тој ќе им остане должник. Ако еден ден овој човек дојде на власт, поголем дел од својата работа ќе мора да го посвети на странските разузнавачки служби, на кои ќе им должи големи услуги. Според експертите, градоначалникот на Струмица во земјава ќе стои како “темпирана бомба“, која ќе се активира која странските елементи ќе сакаат да направат било каква “експлозија“ во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.