Нови обвинувања стигнаа од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но со своите изјави тој постојано се демантира самиот себе. Тоа само покажува дека има лаги на многу теми искажани токму од лидерот на опозицијата. Така, најавувајќи ја својата бомба, лидерот на СДСМ обвинуваше дека премиерот Никола Груевски и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, ги прислушкувале македонските политичари и граѓани.
Денеска Заев посочува дека Мијалков обавил разговор од кој јасно се воочува дека сигурно не е снимен по наредба на самиот Мијалков бидејќи од разговорот се гледа дека Мијалков е човекот кој се јавува, и оттука е многу сигурно дека доколку би имало било какво прислушкување за какво што обвинува Заев е сосема нелогично самиот шеф на УБК самиот себе си да се прислушкува.
Дали ова е уште една потврда дека Заев ги добил материјалите од странски центри кои што имаат интереси спротивни на Република Македонија, а чиј инструмент е Зоран Заев?! Дали со ова се покажува дека цел на тие странски центри бил токму директорот на УБК Сашо Мијалков и затоа бил прислушкуван?!
Ескпертите се согласни дека разузнавачите од надвор, чекаа само слаба алка во земјава, личност подготвена за се, па дури и да и наштети на својата земја. Откако го најдоа Зоран Заев, почнаа со реализација на своите планови.Тој стана нивниот инструмент.
Во поглед на содржината Заев денес пушти разговор меѓу, помеѓу Сашо Мијалков и Муса Џафери. Искреираните материјали се однесуваат на тоа дали претседател на Врховен суд да биде Македонец или Албанец. Директорот на УБК, Мијалков, инсистира на таа функција да биде Македонец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


