| четврток, 6 декември 2018 |

Избегале од затвор со хеликоптер, ги фатиле на копно

Двајца затвореници во Канада успеале да избегаат од затвор на спектакуларен начин, со помош на хеликоптер кој слетал во затворскиот двор.

Полицијата во Квебек го пронашла хеликоптерот на 85 километри од затворот Сент Жером.

Во него бил пилотот во шокова состојба поради што бил пренесен во болница.

За кратко време биле најдени и бегалците, 36-годишниот Бенјамин Худон Барбо и 33-годишниот Дани Провенкал.

Во бегството им помогнале нивни пријатели кои украле хеликоптер од туристичка агенција, а пилотот бил присилен да ги одведе во затворот, а затворениците се качиле во леталото со помош на јаже.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top