| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас смета дека штедењето во Европа мора да заврши

ципрас1

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред новинарите во Брисел денеска ја нагласи неопходноста од завршување на политиката на штедење во Европа, пренесе ТАСС.

– Неопходно е да заврши штедењето во Европа, а во Грција треба да се надмине хуманитарната криза – посочи Ципрас, кој денеска пристигна во Брисел на самитот на ЕУ.

Ципрас изрази увереност дека Грција, заедно со Европејците, ќе успее да ги надмине финансиските проблеми без враќање кон политиката на „затегнување на ремените“.

– Уверен сум дека заедно ќе можеме да најдеме заемно прифатливо решение, така што ќе ги излекуваме раните предизвикани од мерките за штедење, ќе ја надминеме хуманитарната криза во Грција и другите земји од Европската унија и ќе ја вратиме Европа на патот на социјалното сплотување – подвлече грчкиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top