Овие пет уреди продолжуваат да работат дури и кога ги исклучите. Начинот да ја спречите несакуваната потрошувачка на струја е да ги исклучите од ѕидот.
Полначи
Ако оставите полнач во штекерот тој и натаму ќепродолжи да ја троши струјата. Се работи за мала количина, 1,2W дневно, но ако имате повеќе полначи и постојана навика да ги држите во штекерот тогаш може да се насобере.
Дигитален ТВ ресивер
Ако продолжи да работи и откако ќе го исклучтие, годишно може да потроши вредност на електрична енергија од околу 20 евра.
Телевизор
Кога на далечинскиот управувач ќе го притиснете црвеното копче не значи дека сте го изклучиле. Тоа само значи дека сте го ставиле „на чекање“. Значи дека троши дополнителни 25 евра годишно.
Компјутери и лап топови
Ако ги исклучите и не го извадите полначот од струја дополнителни 25 евра.
Уреди со вградени тајмери
Ако тајмерот на апаратот и натаму работи тоа значи дека уредот се уште троши струја. Ако го исклучите можете да заштедите и до 15 евра годишно.
извор: kumanovskimuabeti.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.