| четврток, 6 декември 2018 |

Професии во кои има најмногу флертови меѓу колеги

flirt12

Флертови и додворувања меѓу колеги се табу-тема во повеќето канцеларии, но, едноставно, не можат сите да одолеат на искушението.

Некои психолози велат дека, кога поминувате многу часови на ден во друштво на одредени луѓе, постои поголема веројатност да ви се допаднат. Истражување на „Апрувд индекс“ во Англија, покажува дека кај некои индустрии врските меѓу колеги се многу по вообичаени од други.

0824_flirt-boundaries_390x2201-650x325

Ова се првите 15 индустрии и проценти на луѓе во нив, кои велат дека имале врска со колега:

Мода – 83,87  проценти

Политика – 80 проценти

Транспорт и логистика – 75,93 проценти

Градежништво – 75 проценти

Банки/финансии – 70 проценти

Јавен сектор – 70 проценти

Технологија и ИТ – 68,94 проценти

Инженеринг – 68,52 проценти

Продажби – 68,35 проценти

Медиуми и реклама – 68,18 проценти

Човечки ресурси – 67,27 проценти

Други – 66,67 проценти

Телекомуникации – 66,67 проценти

Туризам – 66,67 проценти

Трговија на мало – 65,35 проценти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top