На тема „Истрага за несреќата на вoздухопловот KingAir B200 Z3-BAB, 2004 – 2014“ денеска ќе се одржи интерактивна работилница, на која ќе се говори и за компаративната анализа на спроведените истраги и донесените завршни извештаи во 2004 и во 2014 година.
Првпат ќе биде презентирана 3Д симулација на траекторијата на летот на Z3-BAB.
Како што е најавено, ќе се презентира и нацрт-извештај и завршниот извештај од истрагата на несреќата, спроведена во 2004 година.
На работилницата ќе се дискутира и за степенот на влијание на индиректните причини за несреќата, во предизвикувањето на директната причина за несреќата на воздухопловот „кингер Б200“, сп рег. бр. Z3-BAB, а ќе биде дадено стручно мислење во врска со нацрт-извештајот од повторно спроведената истрага за несреќата, од страна на акредитираните претставници на Република Македонија во Комисијата за повторена истрага (Презентација на стручните анализи, експертизи и мислења на независни воздухопловни експерти).
На интерактивната работилница со стручни експертизи, анализа и мислења ќе презентираат повеќе воздухопловни експерти од Република Македонија, Босна и Херцеговина и од Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.