| четврток, 6 декември 2018 |

Се претставува како Мајкл Џексон и нуди бубрег за два билети за фудбалски меч

Јужноафриканец кој се претставува како Мајкл Џексон објави чуден оглас преку кој нуди бубрег за два билети за мечот од ФА купот во Англија меѓу Престон и Манчестер јунајтед.

bubreg

Контроверзниот Ем-Џи е стратсвен навивач на Престон, а проблем за него е што сите билети се одамна распродадени.

„И бубрегот го давам и океанот ќе го препливам, само за да најдам два билети за мечот на Дипдејл“, изјави Џексон за еден јужноафрикански весник. Тој живее во Кејптаун, а стана вистинска ѕвезда во Јужна Африка поради огромната желба да го гледа својот Престон против гигантот Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top