| четврток, 6 декември 2018 |

Балетот „Дамата со камелии“ во МОБ вечерва и в сабота

Aleksandra-Mijalkova-Vasil-Chichijashvili-Damata-so-kamelii-01

Балетската претстава „Дамата со камелии” ќе се игра вечерва и в сабота во Македонската опера и балет, а по повод празникот на виното и на вљубените, од 20 часот.

Балетот е по музика на Џузепе Верди, кореографијата е на гостинот од Русија Василиј Медведев, костими и сценографија на Павол Јураш, гостин од Словачка. Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

Во балетот, кој доби пофалби за квалитетот на поставката, играат и балетски солисти, ансамблот, а учествува и Оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top