| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на операта „Аптекарот“ вечерва на малата сцена на МОБ

opera-aptekarot-652

Комичната опера „Аптекарот“ на австрискиот композитор од 18 век Јозеф Хајдн, ќе биде премиерно изведена вечерва на малата сцена на МОБ со почеток во 20 часот.
Станува збор за комична љубовна приказна од три чина, за прв пат изведена во 1768 година.
Со изведбата во МОБ вечерва ќе диригира Виктор Митровски, а режијата и сценографијата се на Уши Хорнер од Австрија, изборот на костуми, пак, го направи Марта Трендафилова.
Како солисти ќе настапат Зоран  Даскаловски во улога на Семпронио, Александра Лазаровска-Василевски како Грилета, Јане Дунимаглоски како Менгоне, а Волпино ќе го одигра Николина Јаневска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top