Бугарија е меѓу членките на ЕУ кои се најсилно заинтересирани за гарантирање на сигурноста на дистрибуцијата на енегренти и за обезбедубање на диверзификација на енергетските извори, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Како што јави БТА, Борисов нагласи дека бугарската влада активно работи на реализација на неколку клучни проекти, што би ѝ овозможиле на Бугарија да обебеди пристап до сигурни извори на енергенси и со тоа да се претвори во центар за дистрибуција на гас во Југоисточна Европа и во цела ЕУ.
– Во зимата 2008 година Бугарија беше една од земјите кои беа најтешко погодени кога Русија ја запре дистрибуцијата на гас за Европа преку Украина. Оттогаш бугарската држава е решена повеќе да не дозволи таков ризик – изјави Борисов во обраќањето на заседание на Групата на виско ниво за изградба на гасни врски во Централна и Југоисточна Европа, што се одржува во Софија.
Тој нагласи дека за Бугарија приоритет е изградбата на интерконекторски енергетски врски со соседните земји – Грција, Романија, Турција и Србија, како и развој на сопствени извори на гас од реонот на Црно Море.
– Ве уверувам дека бугарската Влада во партнертсво со соседите и со поддршка на Европската комисија е решена да работи на целсно интегрирање на гасниот пазар во Централна и Југоистична Европа и за поставување на основите на (Европската) енегретската унија – истакна Борисов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмска потера во Шпанија – Барселона е следна цел на терористички напад?
-
Европа окована во мраз, Русите ќе помагаат со зголемување на испораките на гас
-
Куманово се гуши со 10 пати поголема загаденост од дозволеното, гасификацијата на Заев е лага
-
Антикорупциска ќе го чешла тендерскиот скандал на Заев и неговиот сопартиец Андреевски