| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел ќе се сретне со Обама во Вашингтон

обама

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Вашингтон, каде што денеска ќе разговара со американскиот претседател Барак Обама, два дена пред самитот на четворката во Нормандиски формат во Минск за начините за решавање на украинската криза.

Во момент кога се интензивираа судирите во источниот дел на Украина, Вашингтон потврди дека ќе застане до Европа откако претходно се појавија несогласувања.

Меркел исклучи испраќање оружје во Украина и побара дипломатско решение.

Врз Обама е зголемен притисокот на официјални лица од Вашингтон кои поддржуваат некаков облик на неопходна воена поддршка за Киев, наведува „Би-Би-Си“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top