| четврток, 6 декември 2018 |

Младите голобради момчиња на Металург имаат иднина, Вугринец се прости со маестрална игра

РК Металург и покрај сите проблеми кои ги има во овој период има иднина! Тоа го покажуваат младите момчиња од школата на македонскиот шампион кои денеска во рамките од СЕХА лигата не поткленаа и одиграа солиден натпревар против Војводина освојувајќи бод (26-26).
Во натпревар кој изоблуваше со емоции поради тоа што денеска за последен пат во светлосиниот дрес настапи Ренато Вугринец, публиката се прости од иконата на клубот Филип Миркуловски кој прејде во редовите на Хановер, избраниците на Лино Червар покажаа дека можат да се носат со нивните постари колеги од спортивната страна.
Првото полувреме им припадна на гостите кои многу лесно го наоѓаа патот до мрежата и сосема заслужено отидоа на одмор со високи шест голови разлика (11-17).

metalurg-20

Во вториот дел очигледно Червар добро ги мотивирал своите пулени кои заиграа подобро во нападот предводени од Вугринец кој успеа да постигне девет голови и дури осум асистенции, ја достигна предноста на Војводина со шанса за победа, но последниот напад беше одземен од судиите кои проценија дека Металург е во пасивен напад.
Сепак Словенецот со македонски пасош на крајот беше кренат на рацете од своите наследници во дресот на Металург, бурно бодрен од сите присутни во салата, кои не го забораваат сето она што Словенецот го стори за македонскиот првак. Одличен меч одигра и Никола Костески, реализирајќи шест гола од исто толку обиди, додека Филип Талески го заврши натпреварот со четири погодоци.
Навивачите на Металург познатите „Пирати“ му оддадоа почит на својот дологодишен играч Филип Микуловски истакнувајќи знаме со неговиот лик, незаборавајќи ги сите натпревари кои овој играч ги одграл за клубот од Автокоманда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top