| четврток, 6 декември 2018 |

Овцата што мисли дека е куче (ВИДЕО)

Овцата по име Пет, која била сираче, израсна на една фарма заедно со четири шкотски овчари (вид кучиња). Заедничкиот живот со кучињата придонело овцата да мисли дека е куче.

Овие животни толку многу се зближиле, што буквално станале семејство, а овцата се чувствува како нивен рамноправен член.

Времето кое Пет го поминала со своите пријатели кучиња, го сторило своето, па така сега таа верува дека е куче.

Погледнете ја прекрасната глетка која во најмала рака ќе ве разнежни, но и ќе ве насмее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top