| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите 30 минути на ЖРК Вардар оваа сезона

Во продолжението од Лигата на шампионите во групната фаза од Топ-12 натпреварувањето македонскиот шампион ЖРК Вардар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува екипата на Крим. По првиот дел сосема заслужено иззбраничките на Индира Кастратовиќ водат со 21-12. Во натпревар да се биде или не црвено-црните влегоа крајно мотивирано уште од првата минута и за неполни четири минути создадоа предност од 5-1 со што го примораа гостинскиот тренер Марта Бон веднаш да побара тајм-аут.Тоа воопшто не смени ништо во играта бидејќи разликата само се зголемуваше до најголемите 14-5.
Во продолжение од полувремето Кастратовиќ направи неколку измени, темпото на игра падна и очекувано разликата се намали (16-12). По тајм-аутот на Кастратовиќ ракометарките заиграа понагажирано во одбраната со што се отворија неколку чисти контра напади кои лесно ги реализираа Радичевиќ и Дембеле.

vardar-krim-1

Благодарејќи на триото Дембеле, Пенезиќ, Радичевиќ кои вкупно постигнаа 17 голови во првиот дел, повторно Вардар се одлепи и заслужено отиде на одмор со 21-12.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top