| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Да се посвети целата енергија на процесот на евроинтеграциите

Еден од најбитните заклучоци на годинашната Минхенска конференција е дека оваа година беше исполнета со предизвици, кризи, екстремизам, терористички напади, што ја прави 2015. година во која треба да се работи на надминување на овие проблеми, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој заедно со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов учествува на 51. Минхенска безбедносна конференција.

– Во тој дел беше спомнат и нашиот регион. Главната порака беше дека мора да се посвети целата енергија на процесот на интегрирање во евроатлантските структури, а што е значајна порака и за Република Македонија, изјави Попоски.

Во однос на дискусиите кои се одвиваат во овој правец, подвлече шефот на македонската дипломатија, значајно е и земјите-членки да бидат ангажирани, но пред се, потенцира, сите фактори во рамки на земјите-кандидати за членство во НАТО и во ЕУ да ја посветат целата енергија на овие интеграциски процески. Секој оној кој не е посветен на овие интеграциски процеси, нагласи Попоски, всушност придонесува за оние кои сакаат да ја спречат интеграцијата на РМ и во НАТО и во ЕУ.

Министерот Попоски денеска имаше средба со помошник државиот секретар на САД Викторија Нуланд на која било разговарано за евроатланстската агенда.

– Разговаравме за важноста од обединување на сите политички фактори околу оваа наша стратешка цел и недозволување да бидеме одвратени од различни постапки или недоволен фокус на овие прашања бидејќи е многу значајно во овој период целата енергија да оди во тој правец, реце Попоски, кој на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари повеќе билатерални средби меѓу кои со неговите колеги од Полска Словачка и Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top