Грчката влада нема да отстапи од своите ставови и земјата ќе стане дел од НАТО алијансата само откако ќе се реши спорот со името, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Коѕиас нагласува дека Атина нема да потклекне под притисоци за прием на Македонија во НАТО под времената референца, како што периодов интензивно се слуша од различни политички и медиумски извори и во двете држави.
– Сега кога работите се стабилизираа повторно ќе дојдат некои (европски политичари) и ќе кажат: ‘За да ја стабилизираме дополнително државата да ја внесеме во НАТО и ЕУ?’.Ние немаме ништо против, но треба тие да ги одржат нивните обврски, што значи дека треба да престанат со иредентизам и да направат компромис во спорот за името- изјави Коѕиас.
Тој смета дека е рано да се зборува дали двете држави се поблиску до решение за името со новата влада во Македонија и најави дека во среда ќе се сретне во Атина со Никола Димитров, со кого посочи дека нема да разговараат за спорот за името, туку за методот како ќе продолжат преговорите за името.
За шефот на грчката дипломатија, новите изјави на македонската влада кон Грција имаат пријателски тон, но од разговорите ќе се процени дали тој е суштински, или пак е само обид да се олеснат работите бидејќи македонската влада смета дека без промена на името може да влезе во меѓународните организации, па порача дека македонските политичари „мора да ги прифатат европските вредности“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа