Вардар денеска во Велес се излеа на неколку критични места.
Според информацијата од Регионалниот центар за справување со кризи, поплавено е во Бавчите кај мостот на Вардар кај Башино село, во областа Шорка на влезот во градот, во Градскиот парк и месноста Бентот на Вардар над Градскиот парк. Поплавен е и долниот дел од кејот на Вардар од левата страна на Велес и само мал дел од еден угостителски објект, лоциран веднаш до Вардар.
Како што информира Блажо Донев овие поплави на Вардар се последица на надојдените води на реката Треска која се влева во Вардар.
– Надојдениот Вардар сега течејќи низводно другите населени места се до Гевгелија претставува опасност по нив, предупредува Донев.
Протокот на вода во Вардар денеска е 194 метри кубни вода во секунда што е повеќе споредено со вчерашните 140 метри кубни вода во секунда.
Од Општина Велес информираат дека тие се во постојан контакт и координација со Кризниот штаб и Регионалниот центар за справување со кризи. Доколку вечерва надојдат нови води по Вардар тие веднаш ќе реагираат за да не дојде до нови излевање на реката кои би ги загрозиле станбените и други објекти долж реката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.