| четврток, 6 декември 2018 |

Тантаров: Рано е за проценa на штетите во земјоделството

poplavi-1

Сѐ уште е рано да се даваат какви било процени за штетите од поплавите, велат земјоделците. Најпрво треба да се стабилизира состојбата, а потоа да се види колку време ќе се задржи водата над површините. Сепак, извесно e дека загубите ќе бидат огромни, особено кај есенските посеви во Пелагонија, чијашто сеидба и онака беше преполовена.

– Дождовите дојдоа на веќе заситени почви со вода. Да наврнеа и само пет литри на квадратен метар, ќе беше многу. Сега, во вакви услови, сѐ што требаше да се постигне со минералното ѓубре, отиде бадијала. Растенијата не го искористија. Прашање е дали и да се повлечат водите за 10 до 15 дена по стабилизрање на времето како ќе се изврши првото прихранување без што нема приноси – вели претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров.

Според него, во Пелагонија, која моментно е едно од најпогодените подрачја, никогаш не врнело во февруари.

– Тука во февруари никогаш немало дождови, ниту со послаб интензитет, особено не обилни како овие од над 50 литри на квадратен метар – додава Тантаров.

Во Пелагонија неколку илјади хектари есента беа изорани, но не можеа да се посеат со пченка. Сега не се знае дали ќе може да се посеат и напролет.

Земјоделците се надеваат на помош од државата.

– Се надеваме дека Владата нема да нѐ остави сами. Во рамки на своите можности ќе помогне за излез од оваа тешка состојба – истакнува Тантаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top